Млатата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година, ја оствариу втората победа во квалификациите за ЕП 2025-та.

Во натпреварот од „Ц“ одигран попладнево во Скопје, македонските надежи го совладаа Гибралтар со 1-0 .

Во првиот дел, постојаната иницијатива донесе неколку шанси, но реализацијата изостана, а со тоа и резултатот остана печениот 0-0.

Иста слика на теренот и во второто полувреме. Иницијативата Македонија конечно ја круниса со голот во во 52-та минута. По корнерот од левата Луан Абази погоди со глава за водство од 1-0. Истиот фудбалер во 81-та минута имаше шанса за втор гол, кога изби сам пред противничкиот голман, но не успеа да го совлада.

Со новите бодови и вкупно 6, сега македонските младинци се израмнија со Молдавците на 4-тото и 5-тото место на табелата, но Молдавија има одиграно еден натпревар повеќе.

Денешната победа е мотив повеќе за следниот натпревар против Шведска што исто така ќе се игра во Скопје, во вторник на 26 март. Потсетување дека токму против Швеѓаните нашите младинци ја остварија првата победа во овие квалификации.

Standings provided by Sofascore