Најдобрата машка ракометна репрезентација на Македонија, ги дознае противниците во квалификациите за Европското првенство 2026 година.

Денешната ждрепка во Копенхаген, на Македонија и ги донесе за противници Словенија, Литванија и Естонија, како противници во првата квалификациска група.

32-те репрезентации се бидат поделени во осум групи, а квалификациските натпревари ќе се играа во три термини почнувајќи во октомври годинава (4 до 10). Следната година натпреварите ќе се играат во март (10 до 16) и во мај (5 до 11).

Пласман на Европскиот шампионат ќе обезбедат двете првопласирани селекции од групите, како и четири најдобро трето рангирани од осумте групи.

Европскиот шампионат ќе се одржи во Данска, Шведска и Норвешка (15 јануари до 1 февруари 2026 година).

Потсетување дека македонските ракометари во мај месец ги очекува двомечот со Фарските острови, преку кој се брка настап на Мундијалот следната година во Данска, Норвешка и Хрватска.