Лина Ѓорческа ќе игра за трофејот на турнирот во Ларнака, Кипар.

Најдобрата македонска тенисерка Ѓорческа се пласира во финалниот меч, откако во два сет ја совлада Италијанката, Нурија Бранкачо.

Во меч кој траеше 101 минута, Ѓорческа со 7-5 и 6-4 беше подобра Бранкацио.

Противничка на Ѓорческа во финалето ќе биде петтата носителка, Луција Ќириќ Багариќ од Хрватска.