На тенискиот АТП Мастерс во Индијан Велс фаворитите ја минаа осминафиналната рунда.

Шампиони на Австралија опен Јаник Синер се пласираше во четвртфиналето, откако го совлада Американецот, Бен Шелтон со 2-0 во сетови 7:6(4) и 6:1. Италијанецот, на тој начин ја забележа 18-та последователна победа, а 15-та од почетокот на 2024 година.

Синер за место во полуфиналето ќе се бори со Чехот Јиржи Лехечка, кој претходно го елиминира Гркот, Стефанос Циципас.

Во четвртфиналето се пласираше и германскиот тенисер Александар Звере. Тој нешто потешко од очекуваното го совлада Австралиецот, Алекс де Минаур со 2:1 во сетови. Зверев во четвртфиналето ќе има тешка задача бидејќи за противник ќе го има вториот светски рекет Шпанецот, Карлос Алкараз.

На женскиот дел од турнирот светската тенисерка број еден од Ига Швјонтек од Полска, лесно се справи со Казахстанката, Јулија Путинцева со 6:1, 6:2, Швјонтек и во четвртфиналето ќе игра против данската тенисерка Карлона Возњацки, која беше подобра од Германката, Анжелик Кербер со 6:4, 6:2.