Конечно по 8 години пауза кошаркарите на Сакраменто славеа победа на Милвоки. Во натпреварот пред своите симпатизери „Кингси“ славеа победа над Милвоки убедливо со 129-94.

Во ниту еден момент триумфот на Сакраменто не беше под прашање, напротив. Водеа од самиот почеток а, во последниот период и со +30. Фокс постигна 29 поени, Сабонис влезе во историјата со 22 и 11 скока, остварувајќи го негов 47-ми последователен дабл-дабл, со што го собори тимскиот рекордот на Џери Лукас.

Така Сакраменто по пауза од 2016 година конечно го совлада Милвоки. Со тоа ја прекина „црната“ серија од 15 натпревари без триумф, што беше најдолгата неславна низа на еден тим во лигата.

Екипата на Лос Анџелес Клиперс го претрпе ми вториот пораз во низа пред своите симпатизери. Иако во втората четвртина Минесота имаше и негатива од 22 поени, на крајот „волците“ славеа со 118-100.

Ниту расположениот Пол Џорџ кој постигна 22 поени не им помогна на „Клиперси“ да го избегнат поразот.

На спротивната страна Ентони Едвардс постигна 37 поени, а Александер-Вокер додаде 28.

На останатите натпревари беа постигнати следниве резултати: Њујорк – Филаделфија 106:79, Мемфис – Вашингтон 109:91, Оклахома – Индијана 111:121,
Сан Антонио – Хјустон 101:103 и Јута – Бостон 107:123