Младата женска репрезентација на Македонија до 17 години во периодот денеска ги почнува квалификациите за Европскиот шампионат.

Младите македонски фудбалерки се во Полска каде ќе ги играат натпреварите од групата 7 во рамките на А лигата (втора рунда) од квалификациите.

Првиот противник на нашите кадетки е домаќинот Полска, во натпреварот што ќе почне од 14 часот.

Во второто коло, силите ќе ги одмериме со селекцијата на Данска. Дуелот е закажан на 16 март, со почеток од 14 часот.

Во истиот термин (14 часот) ќе се игра и последниот натпревар и тоа на 19 март, против селекцијата на Шкотска.

Денешниот натпревар меѓу младите фудбалерки на Македонија и Полска ќе може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.