Поради обврските на трите наши претставници во АБА2 лигата (од 15 до 24 март во Широки), натпреварите од 20.коло во Првата лига ќе се играат од денеска до недела.

Први својата обврска од АБА-лигашите ќе ја одработат битолчани. Екипата на Пелистер му гостува на последно рангираниот Вардар во мечот закажан за денеска.

Утре пак двојна програма во Скопје, со настапи на кошаркарите на ТФТ и МЗТ кои за противници ги имаат кавадаречки Еуро Никел односно составот на Чаир.

Преостанатите три натпревари ќе се играат во текот на викендот.

ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 20.КОЛО
13.март (среда)

17.00 ВАРДАР – ПЕЛИСТЕР
14.март (четврток)
18.00 ТФТ – ЕУРО НИКЕЛ
21.00 ЧАИР – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ
16.март (сабота)
15.30 АКАДЕМИЈА ФМП – ГОСТИВАР
18.00 РАБОТНИЧКИ – КОЖУВ
17.март (недела)
20.00 ФЕНИКС – ОХРИД

ТАБЕЛА: Работнички 34, МЗТ Скопје Аеродром 34, Чаир 32, Еуро Никел 32, Пелистер 32, ТФТ 31, Феникс 30, Гостивар 25, Кожув 24, Охрид 23, Академија ФМП 23, Вардар 22.