Во фудбалската Лига на шампиони остануваат само уште две места за четвртфиналето.

Тие ќе бидат пополнети вечерва по натпреварите што ќе се играат во Мадрид и Дортмунд.

На натпреварот во Мадрид, домашниот тим на Атлетико ќе треба да напони негатива од 0-1 во дуелот со Интер.
Иако има негативен биланс на трите досегашни натпревари со Интер, во тимот Атлетико веруваат дека можат до четвртфиналето.

Ваквиот оптимизам „јорганџиите“ го темелат на домашниот терен, на кој Атлетико загуби само еден од 20-те натпревари сезона. Од нив дури на 18 Атлетико победи, вклучувајќи ги и трите во групната фаза на Лигата на шампоните.

Денешниот терен треба да биде предност и на вториот натпревар вечерва што ќе се игра во Дортмунд.

Борусија и ПСВ реванш дуелот ќе го почнат од „нула“ односно со 1-1 од прв натпревар во Ајндховен.

Германскиот тим нема изгубено ниту еден домашен натпревар во последните две изданија во Лигата на шампионите, па „милионерите“ со право се надеваат на прогрес во следната фаза.

Кои ќе бидат последните два четвртфиналисти во елитната лига ќе дознаеме по натпреварите што ќе почнат во стандардниот термин од 21 часот.

Пласман во четвртфиналето досега обезбедија: Манчестер Сити, Реал Мадрид, Баерн Минхен, ПСЖ, Барселона и Арсенал.