Легендарниот шпански тенисер Рафаел Надал се поизвесно е дека наскоро ќе стави крај на својата богата и успешна кариера. 

Надал во речиси „минута до дванаесет“, го откажа својот настап на Мастерс турнирот Индијан Велс. 

Тој се обрати до јавноста на социјалните мрежи и истакна дека не е доволно подготвен за предизвикот во Индијан Велс, а еве што напиша освојувачот на три титули од овој турнир.

Надал на својот Твитер профил даде образложение.

„Со голема тага морам да се повлечам од овој неверојатен турнир во Индијан Велс. Сите знаат колку го сакам ова место и колку сакам да играм овде. Тоа е и една од причините зошто дојдов многу рано во пустината да вежбам и да се обидам да се подготвам“, напиша Надал. 

37-годишниот Надал веќе со години мака мачи со повредите. Се обиде да се врати на терените на Гренд слемот во Мелбурн. Доживеа рана елиминација по што повторно се потврди информацијата дека сеуште не е оправен. 

„Тренирав напорно и сите знаете дека направив проба минатиот викенд, но не се чувствувам подготвен да играм на моето максимално ниво на ваков важен настан. Ова не беше лесна одлука. Напротив Многу е тешко, но не можам да се лажам себеси или илјадниците фанови “,  нагласи Надал.