По репрезентативната паузата, настапот во квалификациите за ЕП, продолжуваат натпреварите во во женската ракометна Супер лига.

Следуваат натпреварите од 16-тото коло, кое ќе биде отворено вечерва со еден натпревар.

Имено, актуелниот шампон Ѓорче Петров и трето пласираната екипа на табелата Металург Автокоманда. Овој натпревар се игра порано од останатите, поради обврските на Ѓорчепетровки на европската сцена.

„Лавиците“ во недела во Шпанија ќе го играат првиот четвртфинален дуел од ЕХФ Европскиот Куп, против екипата на Елче. Иако противникот важи за фаворит, сепак, засилениот состав на Ѓорче Петров во Шпанија нема да патува со „бело знаме“.

Вечерашниот меч меѓу Ѓорќе петров и Металург Автокомада ќе се игра во спортската сала ,,Христо Батанџиев“ од 19 часот.

СУПЕР ЛИГА (ЖЕНИ) – 15 КОЛО
Четврток

19:00 ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА
Сабота
11:00 КУМАНОВО – ШАМПИОН
14:00 ЧАИР СКОПЈЕ – СТРУЖАНКА
19:00 ДЕСПИНА – СПАРТАК
20:00 ОВЧЕ ПОЛЕ СУ – ВАРДАР
недела
14:00 ГЕВГЕЛИЈА – АСТИБО
16:00 СКОПЈЕ – ПЕЛИСТЕР

ТАБЕЛА: Ѓорче Петров 45 бодови, Чаир 40, Металург Автокоманда 39, Куманово 36, Вардар 31…