Легендарниот Леброн Џејмс уште една испиша историја во НБА лигата.

Популарниот „Кинг Џејс“ стана првиот кошаркар во најсилната светска кошаркарска лига, НБА, кој стигна до бројката од 40.000 поени.

Ова остварување тој го направи ноќеска во натпреварот во Лос Анџелес против шампонот Денвер. Со неговиот деветти поен против „Нагетси“ тој стигна до „магичната“ бројка.

На Леброн за тоа му беа потреби 21 сезона и одиграни 1.474 натпревари во екипите на Кливленд, Мајами и ЛА Лејкерс.

Леброн одамна зад себе го остави: Карим Абдул Џабар, Марл Мелоун, Коби Брајант, Мајкл Џордан…

Од активните кошаркари освен Леброн во ТОП-10 најдобри стрелци е и Кевин Дурент кој со 28.342 поени е на деветтото место на вечната листа.