Фудбалерите на Интер Мајами ја остварија и втората победа во новата сезона на американска МЛС лигата.

Мајами пред своите симпатизери го „торпедира“ Орландо со 5-0.

По два гола постига екс тандемот на Барса, Суарез-Меси.

Уругваецот беше стрелец на првите два во 4-тата и 11.минута со што ја најави победата Мајами. Двата гола Суарез ги постигна по додавањата на Тејлор кому Уругваецот му асистирање во 29.минута за 3-0. Суарез и трет пат ја затресе противничката мрежа, но голот беше поништен поради офсајд (ВАР).

Во вториот дел на сцена стапи Меси. Аргентинецот беше стрелец на четвртиот и петтиот гол на кој пак му асистираше Суарез.

Мајами кој досега одигра три натпревари е лидер на табелата на истокот со два триумфи и еден нерешен исход.