Во наредниот период, Македонската кошаркарска федерација ќе обрне особено внимание во делот на физичка/кондициска подготвеност.

Во таа насока, како своевиден „прв чекор“, кон едукација на потребни кадри, ќе биде организиран семинар за тренерите за физичка и кондициска подготовка.

Ќе биде реализиран на 18 март, во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје, со почеток од 18.часот.

Во улога на предавач и демонстратор ќе се најде Проф-др. Александар Кукриќ. Тој беше задолжен за кондициската подготвеност на нашиот национален тим, а сега работи со групата на најталентирани млади кошаркари во Македонија.

Едукативната тема е насловена како „Специфичности на кондициските подготовки на младите кошаркари воведен дел од тренингот“.

Семинарот е бесплатен, а поканата важи до сите заинтересирани кои се пронаоѓаат себеси во овој сегмент од кошаркарскиот спорт.