Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 19 години, денеска ќе го одигра вториот натпревар против босанските врсници.

Откако пред два дена избраниците на селекторот Тони Јакимовски беа поразено со 0:2, денеска ќе имаа можност за „поправен“ испит.

На теренот „Петар Милошевски“ крај ФФМ, Македонија и БиХ повторно ќе ги одмерат силите.

Почетокот на овој натпревар е закажан во 11.30 часот, а ќе може да го гледате ВО ЖИВО ОВДЕ.

Инаку овие дуели се дел од подготовките за оваа генерација која на 18 март ги заполчнува квалификациите во Елитната рунда на квалификации, за настап на Европскиот шампионат.

Нашите млади фудбалери се во групата 7 и за противници ќе ги имаат репрезентациите на Швајцарија, Украина и Летонија.