Изминатата ноќ во НБА лигата се одиграа шест натпревари. Индивидуално тие минаа во знакот на Никола Јокиќ, Лука Дончиќ и Леброн Џејм.

Србинот, го впиша четвртиот во низа тропл-дабл. Тој во победата на Денвер над Сакраменто заврши со 14 поени и скокови и 11 асистенции. Тоа беше негов 19-ти троен-ефект сезонава.

Словенецот, Дончиќ со 30 поени, 16 асистенции и 11 скока, го прослави својот  25-ти роденден. Лука го предводеше Далас до победа над Торонто со 136-125.

Дербито на Лос Анџелес го добија кошаркарите на Лејкерси кок со 116-112 ги совладаа Киперси, како „гости“. Леброн Џејмс беше прв стрелец на овој натпревар постигнувајќи 34 поени од кои 19 во последната четвртина за голем пресврт и триумф на Лејкерс.

Најнеизвесниот натпревар го одиграа Чикаго и Кливленд. Домашниот тим по продолжение славеше со 132-1123. Демар Де Розен со 35 поени за победничката екипа беше најефикасен на натпреварот, а во поразениот тим Мобли постигна со 25.

На останатите натпревари, Индијана славеше над Њу Орлеанс со 123-114, а Минесота го победи Мемфис со 110-101.