Екипата на Вардар има амбиции да го освои трофејот во кошаркарскиот Куп на Македонија во женска конкуренција. 

Ова меѓу другото го истакна тренерот на вардарки, Александар Ашаданов, на денешната прес конференција, во пресрет на завршниот турнир. 

„Првенствено посакувам трибините во салата да бидат исполнети, бидејќи девојките го заслужуваат тоа.

Ние како Вардар како и секоја година така и оваа атакува на трофејот.

Јас ќе одам чекор по чекор, натпреварот со МЗТ Скопје. Одигравме два неизвесни првенствени натпревари со МЗТ кои завршија со победа на противникот.

Јас сега се надевам дека ние ќе победиме и дека ќе обезбедиме пласман во финалето“, изјави Ашаданов. 

Вардар за противник во полуфиналето ќе го има бранителот на трофејот МЗТ Скопје Аеродром.

Овој натпревар е втор на програма в сабота, а ќе се игра во терминот од 18.30 часот.