Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 19 години, славеше победа против босанските врсници.

Црвено-жолтите победија со 2:0 во вториот контролен натпревар со Босанците, со што им се реваншираа за поразот пред два дена.

Избраниците на селекторот Тони Јакимовски денеска беа далеку подобри. Не ги направига препките од прбвиот ме, а во нападот беа по ефикасни.

Како резултат на таквата игра дијде и триумфот со 2:0.

Стрелци на головите за Македонија беа Лорик Каба Јакупи во 52-та и Фикрет Љиварека во последната (90-та) минута од натпреварот.

Овие натпревари се дел од подготовките за оваа генерација која на 18 март ги започнува квалификациите во Елитната рунда на квалификации, за настап на Европскиот шампионат.