Претстојниов викенд во СРЦ „Кале“ ќе се игра финалниот турнир од Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“ во женска конкуренција.

Во првото полуфинале ќе играат топ фаворитот и актуелен шампион Баскет кам и екипата на Крива Паланка за која ова е второ учество на завршницата.

„Сите учесници ќе бидат максимално мотивирани и ќе атакуваат на освојување на Куп трофејот. Очекувам да имаме одлични натпревари со добар квалитет, за љубителите на женската кошарка да може да уживаат.

Ние како лидери на првенствената табела ќе треба да ја оправдаме таа позиција.

Во нашите редови има квалитетни кошаркарки. Поради тоа јас не гледам зошто ние не ми биле тие кои би имале позитивен исход на крајот на овој турнир.

Ги повикувам нашите поддржувачи, па во недела заедно да се радуваме, ако ја исполниме нашата цел“, изјави Жаклина Стојановска предводникот на Баскет Кам.

Виктор Петровски, пак за прв пат во својата тренерска кариера ќе биде дел од финалниот турнир во националниот Куп. Тој ќе ги предводи на кошаркарките на Крива Паланка.

„Ова е прво учество за мене, воедно сакам да им честитам на сите четири екипи кои се пласираа на финалниот турнир.

За Крива Палнка ова е второ учество во завршницата на ова натпреварување. Ние ќе дадеме се од себе да направиме добар резултат. Купот носи неизвесни мечеви.

Екипата на Баскет Кам влегува како фаворит, но реков, ќе дадеме се од себе да одиме до добар резултат и да донесеме многу радост во нашиот град“, истакна Петровски

Дуелот меѓу Баскет Кам и Крива Паланка е првиот на полуфиналната програма, во сабота од 16 часот.