Со една измена во играчкиот ростер денеска, (собирот е од 12.30 часот пред СЦ „Борис Трајковски“) ќе тргне на пат кон Полска нашата најдобра селекција, каде во понеделник ќе го одигра вториот натпревар од квалификациите за Евробаскетот во 2025 година.

Селекторот Александар Јончевски мораше да направи една измена во играчкиот ростер.

Односно во комбинација за настап против домашната селекција, на средбата која на 26.февруари се игра во Сосновиец, да биде Марин Петков.

Довчерашниот младински репрезентативец ќе го заземе местото на Лејсон Зеќири, кој по натпреварот со Естонците се пожалил на здравствени проблеми. Toj нема да патува за Сосновиец, каде од 18.часот. го играме вториот меч од квалификациите за пласман на ЕП.