Македонскиот одбојкарски репрезентативец Дарко Ангеловски очигледно го разлутија коментарите по социјалните мрежи поврзани со кошаркарската репрезентација на Македонија. 

Откако македонските кошаркари вчеравечер загубија од Естонија во квалификациите за ЕП, дузина на критики беа упатени кон нив. 

Ангеловски кој одлично знае, како е да се игра за националниот тим, под притисок и со големи очекувања од јавноста, кратко искоментира.

„Јас како одбојкарско лице верувам во КОШАРКАРИТЕ а останатите што не верувате не доаѓајте да гледате МАКЕДОНИЈА ПРЕД СЕ 🇲🇰🇲🇰
Позз ШАБИ“

Со популарниот „Шаби“ ќе се согласат многумина, но и ќе очекуваат подобри настапи на кошаркарите. 

Тие пак веќе задутре ќе имаат можност за тоа во дуелот против Полска на гостински терен.