Тројцата македонски тенисери кои имаат сингл ранг на АТП ранг-листата оваа недела бележат пад од четири позиции.

Калин Ивановски е најдоброрангираниот со 145 поени, а сега се наоѓа на 345.то место. Тој има и четири поени помалку од претходната недела, но падот се должи на немањето настапи оваа година, поради повреда на мускул. Ивановски повторно е во тренажен процес и се очекува наскоро повторно да биде дел од турнирите.

Горазд Србљак оваа недела е рангиран на 1069.то место со 10 поени, додека Обрад Марковски е на 1609.то место со 2 поена.

Во конкуренција на двојки Ивановски нема промени 679.то место со 71 поени. Берг Бугариќ е рангиран на 1353.то место со 16 поени (пад за три места). Обрад Марковски е на 1864.то место со 5 поени (скок за две места). Елдин Хусеиновиќ е рангиран на 2134.то место со три поени (пад за шест позиции).