Лина Ѓорческа не успеа да се пласира во полуфиналето на ИТФ фјучрс турнирот во Анталија што се игра за награден фонд од 25.000 долари.

Таа денес, во продолжението од четвртфиналето, загуби од хрватската тенисерка Тара Вурт со 2-1 во сетови (63 46 61). Мечот траеше 1 час и 54 минути.

Денес се одиграа два сета бидејќи мечот вчера беше прекинат по првиот сет, кој и припадна на Вурт со 6:3. Ѓорческа во првиот сет вчера водеше со 3:1, но противничката имаше серија од пет гема за да го добие првиот сет.

Продолжението денес почна без ниту еден брејк до 10-тиот гем. Нашата тенисерка постојано беше во водство од еден гем и потоа го доби десеттиот гем и изедначи на 1:1.

Во решавачкиот сет Ѓорческа поведе со 1:0 во гемови, но тоа беше единствениот освоен гем бидејќи Вурт ги освои следните гемови и сетот го доби со 6:1.

Мечот заврши со максимална реализација на брејк топките од страна на двете тенисерки Ѓорческа 2/2, Вурт 5/5.

Ѓорческа од понеделник ја очекува нов настап на ИТФ фјучрс турнир во Анталија.