Судиите на натпреварот меѓу Црвена Звезда и Жалгирис во Евролигата, беа на мета на домашните навивачи.

Во натпреварот кој изобилуваше со пресврти и неизвесност до самиот крај, гостите од Литванија излегоа како победници.

Гневни на неколкуте судиски одлуки, особено во финишот на мечот, популарните „Делије“ го истурија гневот врз арбитрите.

Среќа што брзо интервенираа лицата за обезбедување и полицијата, па судиите „спасија“ глава и беа брзо спроведени во соблекувалната.

Повеќе од јасно е дека Црвена Звезда за ваквата реакција на своите „навивачи“ ќе биде драстично казнета од Евролигата.