Најдобра македонска тенисерка Лина Ѓорческа ја оствари втората победа на ИТФ фјучер турнирот во Анталија и се пласира во четвртфиналето.

Иако потешко од очекуваното Ѓорческа ја мина втората рунда совладувајќи ја Унгарката, Амариса Киара Тот со 2-1 во сетови .

По голема борба Лина ги загуби првиот сет со 4:6 во гемови.

Сепак, тетовката брзо се врати во игра и израмни на 1-1, добоивајќи го вториот сет со 6:4.

И во третиот пресликан како и претходните два, а го доби Лина со 6:4 за конечни 2-1 во сетови и место меѓу осумте најдобри.

Противничка на Ѓорческа за место во полуфиналето ќе и биде хрватската тенисерка Тара Вурт.