Додека спортскиот свет во 2024-тата се подготвува за Летната олимпијада во Париз. Кај нас во Македонија, во тренд на изборната политичка година, па ние ќе искомбинираме и ќе имаме олимписки избори.

Имено, откако пред два дена неуспешно мина иницијативата за промени во Македонскиот олимписки комитет денеска, ново продолжение.

Во СЦ „Јане Сандански“ од 18 часот ќе се одржи Редовното изборно собрание на Олимпискиот комитет на Македонија (МОК).

Ова е во организација на актуелното раководство, предводено од Даниел Димевски.

Токму Димевски, според процедурите за избор на Претседател, е единствениот кој поднесе своја кандидатура.

Ако се водиме по случувањата пред два дена, кога пропадна иницијативата за промени, друг епилог освен нов мандат на Димевски и не може да очекуваме.

Како ќе тече денешното собрание може да следите ВО ЖИВО ОВДЕ