Македонија и претстојното лето ќе биде домаќин на две Европски кошаркарски првенства во младинска конкуренција.

Имено, Македонската кошаркарска федерација ќе биде организатор на Европските шампионати, во „Б“ дивизијата за кошаркари до 16 и до 18, а ќе се играат во Скопје.

Кои ќе бидат противници на младите македонски кошаркарски селекции ќе дознаеме денеска, по ждрепката во германскиот град Фрајзинг.

Покрај овие две селекции настап ќе има и младинската, онаа до 20 години која ќе игра во посилната „А“ дивизија.

Во женска конкуренција КФМ ја пријави само селекцијата до 18 години која ќе се натпреварува во „Б“  дивизијата.

Ждрепката започнува во 11 часот, а може да ја следите ВО ЖИВО ОВДЕ.