Четири млади кошаркарски репрезентации на Македонија, ги дознаа противниците за претстојните Европски шампионати.

Единствени кои ќе играат во елитната „А“ дивизија се младинците. Селекцијата до 20 години, ќе игра во Ц групата во која за противници ќе ги има Шпанија, Турција и Белгија.

Шампионатот ќе се игра од 13 до 21 јули, во полскиот град Гдиња.

Скопје ќе биде домаќин на две младински првенства во „Б“ дивизијата.

Јуниорското првенство, за кошаркари до 18 години, ќе се игра од 26 јули до 4 август. Македонија ќе играат во Ц групата против: Чешка, БиХ, Украина, Ирска, Кипар.

Шампионатот за играчи до 16 години (кадети) што ќе се одржи од 8 до 17 август.
Македонските кадети ќе играат против, Естонија, Шведска, Украина, Австрија, во Б групата.

Единствената женска селекција која ќе игра на континенталното првенство е онаа до 18 години. Јуниорките ќе настапат на шампионатот во Плоешти, Романија од 2 до 11 август.
Македонските надежи ќе играат во A групата во која за противнички ќе ги имаат врсничките од, Грција, Бугарија, Ирска и Норвешка.