Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром ја оствари шестата победа во АБА2 лигата. Аеродромци попладнево во дуел од 9.коло ја совладаа последно пласираната Шибенка со ____ .

По почетното водство на противникот, МЗТ ја презеде контролата на играта, а со тоа и резултатот. Го добија приод период сино-белите со пет, а вториот со тринаесет разлика, па на одмор заминаа со убедливи +18 (55-37).

Искусниот состав, рутински го одработи второто полувреме и заслужено славеше со 93-77.

Новајлијата, Делалиќ со 16 поени беше најефикасен во редовите на МЗТ за кој Баковиќ и Ворку постигна по 15.

Со овој триумф МЗТ направи голем чекор кон пласманот во плејофот.

Следен противник на МЗТ во недела (18 часот) ќе биде екипата на Војводина, домаќинот на овој турнир во Нови Сад.

Потсетување дека денеска победа оствари и Пелистер во дуелот со Хелиос, а утре на терен излегуваат кошаркарите на ТФТ во мечот против Шенчур.

СЕ ЗА НАСТАПИТЕ НА МАКЕДОНСКИТЕ ЕКИПИ ВО АБА2