Репрезентацијата на Нигерија е првиот полуфиналист на Африканскиот куп на нации е репрезентацијата. Нигерија во првиот четвртфинален меч ја совлада репрезентацијата на Ангола со резултат 1:0.

Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше фудбалерот на италијанската Аталанта, Адемола Локман со 41-та минута.

Нигерија во полуфиналето ќе игра против победникот од дуелот Јужна Африка и Зеленортската Република. 

Вечерва ќе го дознаеме вториот полуфиналист и тоа по дуелот меѓу Гвинеја и Конго. Подобриот од тој натпревар во полуфиналето ќе игра со победникот од дуелот Мали – Брег на Слонова коска.