Македонскиот вицешампион Пелистер забележа важна победа над Хелиос во АБА2 лигата. Пелистерци во натпреварот од 9.коло, со „трилер“ завршница, го победија словенечкиот претставник со 83-81.

Како и што се очекуваше интересен и резултатски неизвесен натпревар одиграа овие екипи. Секој од тимовите имаше свои добри периоди на игра. Хелиос ги доби првиот и третио, а Пелистер вториот и четвртиот период.

Ниту една од екипите не успеа да оствари двоцифрена предност, а во таков меч подобро се снајдоа пелистерци.

Мијовиќ со 18 поени беше најефикасниот играч на Пелистер за кој Маслинко постигна 16, а Костовски беше стрелец на 15.

Следниот натпревар Пелистер ќе го игра во недела (12 часот).

Попладнево од 18 часот, на теренот ќе излезат кошаркарите на МЗТ Скопје кои за противник ќе ја имаат последно пласираната Шибенка.