Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа по настапот во Мелбурн во квалификациите на Австралија опен се наоѓа на 243.место со 312 поени.

Таа за учеството во квалификациите на Гренд слем турнирот во 1.коло освои два поена.

Втората македонска тенисерка која има ранг Магдалена Стоилковска нема промени во рангирањето. Со 9 поени Магдалена се наоѓа на 1216.то место.

Во конкуренција на двојки Ѓорческа има пад од пет места и се наоѓа на 377.то место со 226 поени.