Најдоброрангираниот македонски тенисер Калин Ивановски на рангирањето по завршувањето на Австралија опен има пад од три места.

Калин сега се наоѓа на 329.то место на АТП ранг-листата со 157 поени или два помалку од претходното рангирање пред две недели.

Горазд Србљак има пад за 10 места со истиот број поени (10) и се наоѓа на 1067.то место. Затоа пак Обрад Марковски има скок за 10 места со три поени и е рангиран на 1445.то место.

Во конкуренција на двојки Ивановски има пад за девет места и се наоѓа на 685.то место со 71 поен.

Берк Бугариќ е на 1351.то месо (скок за две позиции) со 16 поени. Обрад Марковски има пад од 102 места и сега е на 1868.то место со пет поени (два помалку од пред две недели), а Елдин Хусеиновиќ има пад за пет места и се наоѓа на 2135.то место со 3 поени.