Последен ден на Европското ракометно првенство во машка конкуренција што се одржува во Германија.
Денеска ќе го добиеме новиот европски шампион, имајќи в предвид дека актуелниот Шведска загуби во полуфиналето.
За титулата ќе се борат олимпискиот првак Франција и светскиот шампион Данска.
За двете репрезентации ова е четврто финале на континенталните првенства.
Французите досега имаат три злата, а Данците две.
Овие две селекции во 2018-тата играа во финалето на шампионатот во Данска, каде до трофејот стигнаа Триколорите.
Финалниот натпревар ќе започне од 17.45 часот.
Во дуелот за бронзениот медал (15 часот) ќе играат домаќинот Германија и сеуште актуелниот европски шампион Шведска.