Фудбалерите на Манчестер Сити се пласираа во осминафиналето на англискиот ФА куп.

Во дербито од шеснаесет финалната рунда Сито го победи Тотенхем минимално се 1-0.

На натпреварот одигран во Лондон, единствениот гол на мечот беше постигнат во 88-та минута. Стрелец беше Холанѓанецот, Нејтан Аке.

Потсетување дека Манчестер Сити е бранител на трофејот во ова натпреварување.

Ова беше и единствениот натпревар на кој имаше победник. Останатите три меѓу кои и дуелот Челзи – Астон Вила завршија без победник, па ќе се играат повторени натпревари.