Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов со гол го почна својот нов настап во дресот на Шалке.

Чуринов кој неодамна се врати во Гелзенкирхен, беше стрелец на единствениот гол за Шалке во поразот кај Кајзерслаутерн.

На Чурлонов му беа потребни неполни пет минути, откако влезе во игра да се запише во листата на стрелци.

Тој во 51-та минута израмни на 1-1, но во продолжението домаќините постигнаа уште три гола и Кајзерслаутерн славеше со 4-1.