Во Битола попладнево ќе се игра третиот натпревар од 15.колово Првата машка кошаркарска лига.

Откако вчера Работнички ја доби пресметката на големите ривали совладувајќи го МЗТ Скопје, денеска ново дерби.

Екипата на Пелистер која е на 4.место на табелата по победата над МЗТ пред пет дена, сега атакува на триумф против Еуро Никел.

Пелистерци се во ситуација со триумф да го направат продолжението на шампионатот уште понеизвесен. Тие заостануваат една победа зад денешниот ривал, но и зад водечкиот МЗТ.

Од друга страна кавадарчани кои се во низа од шест победи, со триумф би се израмниле со шампионот на врвот на табелата.

Овој натпревар како и изминатите два од ова коло се играат порано од вообичаеното. Причината е настапот на Пелистер, МЗТ Скопје и ТФТ во АБА2 лигата следната седмица. Останатите натпревари ќе се играат утре (сабота).

Дуелот Пелистер – Еуро Никел започнува во 18 часот, a ќе може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ (линк)

ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 15.КОЛО
среда
ФМП АКАДЕМИЈА – ТФТ 62-90
четврток
МЗТ СКОПЈЕ А. – РАБОТНИЧКИ 91-95
петок
18:00 ПЕЛИСТЕР – ЕУРО НИКЕЛ
сабота
17:00 КОЖУВ – ФЕНИКС
17:00 ВАРДАР – ЧАИР
18:00 ГОСТИВАР – ОХРИД

ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 27 бодови, Работнички 26, Еуро Никел 25, Пелистер 24, ТФТ 24, Чаир 23, Феникс 22, Гостивар 18, Академија ФМП 18, Кожув 17, Охрид 17, Вардар 17.