Светскиот тенисер број 1 и актуелен шампион на Австралија опен, Новак Ѓоковиќ е првиот што обезбеди пласман во полуфиналето.

На Србинот му беа потребни три часа и 48 минути да го совлада 12-носител Тејлор Фриц со 3-1.

Ова беше нивни деветти меѓусебен дуел и деветта победа на Ѓоковиќ.

Првиот сет беше решен во тај-брејкот кој Ѓоковиќ го доб со 7:3 на поени.

На почетокот на вториот сет Американецот направи брејк, предност која ја сочува до крајот на сетот (4:6).

Ѓоковиќ возврати на ист начин во третиот, а потоа поведе и со 3:0 за да го добие сетот со 6:2. Речиси на ист начин беше одигран и четвртиот сет кој шампионот го доби со 6:3.

Тала Ѓоковиќ се избори за полуфиналето во кое за противник ќе го има подобриот од дуелот меѓу Јаник Синер и Андреј Рубљов