Во Струмица денеска требаше да се одиграат трите натпревари за пласман во квалификациите за ЕП за одбојкари до 18 години.

Но, наместо три ќе се играат само два натпревари.

Имено, првиот меч од денешната програма, во кој требаше да играат Србија и Косово не се одигра.

Неофицијално дознаваме, дека српската делегација одбила да го игра натпреварот за петтото место.

На Европската одбојкарска федерација, мечот е регистриран со службен резултат за Косово со 3:0 во сетови.

Остануваат де се одиграат другите два натпревари.

Во нив, Македонија од 17.30 часот ќе игра против Турција во меч за третото место, а во финалето (20 часот) ќе играат Романија и Грција.