Последнопласираниот Шефилд Јунајтед со гол во 103-тата минута од натпреварот извади бод на „Брама Лејн“ со Вест Хем – 2:2.

Првиот погодок на натпреварот го постигна екипата на Вест Хем во 28-та минута преку Максвел Корнет, кој одбиената топка во шестнаесетникот ја претвори во гол и водство од 1:0 за гостинот.

Пред крајот на првото полувреме (44-тата минута) Бен Бреретон на идентичен начин изедначи на 1:1.

Вест Хем дојде до предност од 2:1 во 78-та минута, а стрелец на голот беше Џејмс Ворд-Праус кој смирено и прецизно реализираше од белата точка.

Рајан Брустер поради оштар старт над противникот порано го напушти натпреварот (90+3), а само пет минути подоцна и Владимир Куфал беше исклучен поради втор жолт.

Судијата во финишот на натпреварот (90+13) досуди пенал за домаќинот. Пеналот го погоди Оливер Мекбрни со што ги постави и конечните 2:2.