Репрезентацијата Австрија не успеа да направи уште едно изненадување на Европскиот шампионат во Германија.

Во дуелот со домаќинот, Австријците беа блиску да го направат тоа, но црните 10-минути во завршницата ги чинеше победа. Во најголемиот дел од мечот Австријците имаа предност. Во последните 10-минути влегоа и со 5 гола позитива 21-16м но тука застанаа.

До крајот на мечот постигнаа само еден гол, а примија пет, па мораа да се задоволат само со бод.

Со него Австрија се враќа на 2.место на табелата ви групата 1, со идентични 4 бода како и Унгарија, два помалку од лидерот Франција.

На овој резултат најмногу се израдуваа Хрватите. И покрај поразот од Унгарија, селекцијата на Хрватска останува во игра за второто место и полуфинале.

Следното трето, претпоследно коло, во оваа конкуренција ќе се игра во понеделник.

Група 1 – 2.коло
ФРАНЦИЈА – ИСЛАНД 39-32
УНГАРИЈА – ХРВАТСКА 29-26
ГЕРМАНИЈА – АВСТРИЈА 22-22

ТАБЕЛА
1 ФРАНЦИЈА 6 бодови
2 АВСТРИЈА 4
3 УНГАРИЈА 4
4 ГЕРМАНИЈА 3
5 ХРВАТСКА 1
6 ИСЛАНД 0