Јуниорската репрезентација на Македонија за одбојкари до 18 години е поразена од врсниците од Грција.

Во натпреварот од 2. коло во квалификациите за Европскиот шампионат, одигран во Струмица гостите славеа убедливо со 3:0. Сите три сета противникот ги доби со идентичен резултат 25-15.

Така нашиот јужен сосед го освои првото место во Б групата, па во полуфиналето ќе игра со Романија која беше прва во А групата.

Македонските јуниори ќе играат за третото место, а противник ќе им биде селекцијата на Турција.

Овие четири репрезентации и напролет ќе играат во втората рунда квалификации.

Натпреварите за пласман ќе се играат утре (недела)

15:00 за пласман 5 место СРБИЈА – КОСОВО
17:30 за пласман 3 место МАКЕДОНИЈА – ТУРЦИЈА
20:00 за пласман 1 место РОМАНИЈА – ГРЦИЈА