Европскиот првак Шведска и светскиот шампион Данска направија голем исчекор кон полуфиналето на Европското првенство.

Ова е епилогот по трите одиграни натпревари од 1.коло на групата 2, на шампионатот во Германија.

Европскиот шампони Шведска не и даде ниту малку шанса на Словенија да се понадева на успех и нови бодови. „Викинзите“ славеа сигурна победа со која прокнижија два нови бода.
Сега Шведска има 4 бодови на табелата колку што има и Данска која претходно ја демолира Холандија.

Од скандинавските селекции, Норвешка е без шанси за место во полуфиналето откако денеска загуби од Португалија.

Следното второ коло ќе се игра по два дена (петок).

1.коло
НОРВЕШКА – ПОРТУГАЛИЈА 32-37
ДАНСКА – ХОЛАНДИЈА 39-27
СЛОВЕНИЈА – ШВЕДСКА 22-28

ТАБЕЛА – Група 2 (Баркли Арена) Хамбург
1 ДАНСКА 4 бодови
2 ШВЕДСКА 4
3 СЛОВЕНИЈА 2
4 ПОРТУГАЛИЈА 2
5 ХОЛАНДИЈА 0
6 НОРВЕШКА 0

Следно 2.коло – 19 јануари (петок)
15.30 СЛОВЕНИЈА – ПОРТУГАЛИЈА
18.00 НОРВЕШКА – ХОЛАНДИЈА
20.30 ДАНСКА – ШВЕДСКА