Очекуваното фаворитите Карлос Алкараз и Александер Зверев го минаа 1.коло на Австралија опен.

Фаворитот број 2 во Мелбурн, Алкараз во три сета (3:0) беше подобар од Ришард Гаске. Французинот отпор даде само во во првиот сет кој го загуби во тај-брејкот (7-6) со 7-5 на поени. Во следните два Алкараз на противникот му препушти еден односно два гема (6-1 и 6-2).

Шестиот носител Зверев играче повеќе од 3 часа за да обезбеди пласман во второто коло. Германецот со 3:1 во сетови го совлада сонародникот Копфер. Првиот се Зверев го загруби со 4-6. До израмнување стигна добивајќи го вториот со 6-3. Во третиот се играше тај-брејк кој Зверев го доби со 7-3 на поени. Тоа како да го откажа неговиот противник па фаворитот четвртиот сет го доби со 6-3.

Од фаворитите кои денеска настапија во Мелбурн, пласман обезбеди и 8-от Данецот, Руне со победата над Јапонецот, Нишикора (3:1).

Ним им се придружија и: Норвежанецот, Каспер Руд (11-носител) и Бугаринот, Грогор Димитров (13) и Американецот, Томи Пол (14).