Покрај ракометот на Стариот континент актуелно е уште едно големо натпреварување.

Имено во Загреб, е последен ден на Европското ватерполо првенство, по кој ќе ги знаеме носителите на медали.

На задоволство на домаќините за шампионскиот трофеј повторно ќе се борат хрватските ватерполисти. Популарните „Баракуди“ Хрватите кои се бранители на шампионскиот трофеј од пред две години.

Хрватска ќе го игра своето петто финале во кое ќе атакува на третото злато.

Противници на Хрватите во финалето ќе им бидат Шпанците кои во полуфиналната рунда беа подобри од Италија.

За „црвената фурија“ тоа ќе биде четврто финале во кое ќе атакуваат на првата титула на Европскиот шампионат.

Финалниот меч ќе се игра вечерва од 20.15 часот, додека во дуелот за бронзата играат ватерполистите на Италија и Унгарија (18.30 часот).