Домаќинот Германија е следниот противник на Македонија на еврипскиот шампионат. Германците во првата рунда покажаа вистинска моќ совладувајќи ја Швајцарија со 13 голови разлика.
„Панцирните“ важат за фаворити и на утрешниот меч со Македонија, на ко сигурно ќе имаат и огромна поддршка од трибините.
Германскиот чувар на голот Дејвид Спет смета дека дуелот со Македонија е од исклучителна важност.
„Тие се многу сериозен тим, но ние мораме да го подготвиме тој натпревар многу сериозно како и првиот.
Знаеме дека победата ќе не испрати во главната рунда, но сакаме да победуваме на секој натпревар“,
изјави Спет.
Утрешниот дуел меѓу Македонија и Германија ќе се игра во вечерниот термин од 20 часот и 30 минути.