Македонската тенисерка Лина Ѓорческа настапот на квалификациите на Австралија Опен во Мелбурн ќе го почне против полската тенисерка Катарзина Кава.

Ривалката на Ѓорческа има 31 година и се наоѓа на 197.место на ВТА ранг-листата во поединечна конкуренција.

Пред заминувањето за Мелбурн, Ѓорческа истакна дека е задоволна од резултатите во претходната година, кои воедно и овозможија настап на Австралија опен.

Плановите за годинава е настап на сите четири Гренд слем турнири.

Воедно Лина ќе се обиде да подобри својот пласман тоа е 170.место остварен на 12. јуни 2017 година).

Мечот Ѓорческа – Кава е планиран да се игра во вторник.