Македонската кошаркарска легенда Петар Наумовски во мега интервјуто за српскиот „Спортски журнал“ открива дел од пикантериите поврзани со неговата кариера.

Наумовски не ја крие својата загриженост од ситуацијата и квалитетот на македонската кошарка. Тој  смета дека ќе требаат години мак-баскетот да се врати на старите патеки.

„Резултатите покажуваат дека не сме во добра ситуација.

Додека бев прв човек на федерацијата наидов на проблеми. Го намалив бројот на странци од шест на четворица. Тенденцијата беше да има три, па двајца.

Сакавме на тој начин да добиеме поголем број репрезентативци, преку масовност да постигнеме квалитет.

Клубовите ги водеа челниците на општините и им беа важни само добрите резултати, мислејќи дека тоа ќе им донесе победи на изборите. Секако, нивните мандати не зависеа од кошарката“, изјави Наумовски.

Додека Пеце беше на кормилото на КФМ (2015-2019), речиси секоја година неговиот мандат бил на проверка.

„За четири години, имав четири избори. Мене ме поддржуваа кошаркарските луѓе. Гласањето беше тајно, јавно ќе изгубев.

Општините влијаат на клубовите бидејќи одвојуваат финансиски средства и овозможуваат користење на сали. Федерацијата не можеше да им ја даде.

Наумовски смета дека клубовите кои „тркаат“ по така-наречениот ваучер повеќе гледаат да земат отколку да дадат во кошарката.

„Денеска во А селекцијата има 10-12 играчи од тој период. Ако клубовите почнеа да работат како што треба, македонската кошарка ќе одеше напред.

Не вложуваат ниту труд ниту пари во млади играчи. Без тоа не можеме да имаме добра репрезентација или лига.

Потребни се циклус од четири, пет години за да се создаде кошаркар. Бидејќи тој процес не е ни навлезен, состојбата не може да се подобри.

Сите што се во кошарка во Македонија повеќе се трудат да извлечат нешто, наместо да даваат. Ваучерите добиени од државата се трошат за плати.

Иако во мак-баскетот владее сивило, Наумовски нема намера пак да се врат на претседателската функција во КФМ.

„Тешко е да се соработува со луѓе со различни мислења. Не знаев во 2001 година дека е така. Ги запознав и нема да губам време со нив во иднина.

Во Србија, Хрватска и Словенија здруженијата треба само да најдат добар тренер, се друго имаат за разлика од нас.

Не можам да помогнам, затоа не планирам да се вратам.

И во 2015 година не сакав да бидам функционер, кумот и поранешен тренер на Заре Маркоски ми рече да ја прифатам понудата. Добро е што го добив тоа искуство“.

Пеце како и многу екс-ју легенди смета дека АБА лигата ја изгуби смислата и целта за која беше формирана. Наместо развој на млади играчи, АБА се претвори во комерцијален проект во кој „парадираат“ берзброј странци.

Наумовски своевремено одбил да игра во шампионскиот тим на Чикаго Булс предводен од Мајкл Џордан. Тој барај гарантирана минутажа. Но, и финансиите кои му биле понудени бие далеку од оние кои Пеце ги имал во Ефес.

Наумовски говори и за понудите да „заплива“ во тренерските води. Дружењето со Саша Ѓорѓевиќ во Милано придонело тој не седне на тренерското столче.

„Селе ми рече да бегам од тоа, затоа што е толку неблагодарно“, вели Наумовски.

Наумовски открива и дел од причините за најголемиот успех на мак-баскетот 4.место на ЕП во Литванија.

За тоа еден од најзаслужните секако е Врбица Стефанов кој во тој период беше директор на репрезентацијата, а е најзаслужниот за доаѓањето на Бо Мекејлеб.

„Милучи, директорот на клубот од Сиена се јави на нашиот Врбица Стефанов и ни го понуди Мекејлеб. Ја подобри атмосферата во тимот и најмногу придонесе за нашиот одличен настап на ЕП.

Пред тоа Перо Антиќ му се закани на селекторот Докузовски, дека публиката ќе гледа како го тепа, доколку биде изваден од игра на првенството во Литванија.

Челниците на КФМ едвај успеаја да го убедат селекторот да остане“, вели Пеце.