Домаќинот на Европското ракометно првенство и противник на Македонија, селекцијата на Германија славеше во дуелот со Португалија.

Германците кои важат за едни од фаворитите за златото, потешко од очекуваното ја победија Португалија со 34-33.

Иако во првото полувреме имаа и 6 голови предноат, а на паузата заминаа со +4 (18-14) во вториот дел „панцирите“ се мачеа. Гостите од Португалија одиграа цврста одбрана и потешко примаа голови. На две минути пред крајот стигнаа и до израмнување (33-33), но немаа сили „морепловците“ за комплетен пресврт.

Во германската селекција се истакнаа Кнор со 6, а Гола и Хане постигаа по 5 гола. Двете селекции и задутре ќе одиграат уште еден натпревар.

Инаку Германија ќе биде вториот противник на Македонија на Европскиот шампионат. Дуелот ќе се игра во Берлин на 14 јануари.