Неочекувано слаба посетеност на настапот на македонската ракометна репрезентација во дуелот со Грција.

Ова е првата од последните две контроли на напите ракометари како дел од подготовките за Европскиот шампионат.

Имајќи в предвид дека утрешниот натпревар ќе биде од затворен карактер, за денешниот се очекуваше далеку поголема поддршка од трибините во „Борис Трајковски“.

Но, поддршката се заслужува само до прикажаната и пред се борбена игра вели селекторот Кирил Лазаров.

„Голем дел од играчите немаат големо репрезентативно искуство, секако дека ни значи и дека ќе ја бараме поддршката од навивачите. Треба да бидеме стрпливи.

На ракометарите им укажав дека поддршка од јавност, публика од цела Македонија, може да добиете само ако се борите.

Важни се победите и секогаш ќе настојуваме да одиме на победа. Меѓутоа, поддршка се заслужува само со максимална борба и без никакво предавање.

Мислам дека ја сфатија мојата порака и дека во иднина ќе гледаме борбена Македонија.

Се надевам дека со таква борба без разлика на противниците како што се Франција, Германија, па и Швајцарија, мислам дека ќе ни се отвори да пробаме да направиме изненадување“, изјави селекторот Лазаров.

Македонските ракометари во понеделник заминуваат за Германија. Со дуелот породив Франција (10 јануари“ ќе го започнат настапот на ЕП.