Почетокот на новата година, воедно и почеток на нова недела значи и нова ранг-листа на АТП.

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски новата година ја почнува од 325-то место. Тоа е прогрес од едно место во однос на минатата недела со ист број поени 159.

Горазд Србљак има 10 поени и се наоѓа на 1057-то место и има пад од пет позиции. Трет македонски тенисер со сингл ранг е Обрад Марковски 1.453-то место со 3 поени и има скок од едно место.

Во конкуренција на двојки Ивановски има исто така напредок за едно место и се наоѓа на 674- то место со 71 поен. Берк Бугариќ е на 1.349.место со 16 поени (пад за две места), додека Обрад Марковски е рангиран на 1.756.то место со 7 поени (пад за пет места).

Ранг во конкуренција на двојки има и Елдин Хусеиновиќ – 2.123.то место со три поени (пад за две места).